БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на пригоден свечен настан Премиерот на Македонската влада Христијан Мицкоски имаше свое обраќање пред присутните во врска со значењето на новата инвестиција во енергетиката, што ќе значи подобар квалитет и стабилност на електроенергетскиот систем на државата и главниот град.

“Добар ден од мое име, благодарам што денеска бевте на овој убав настан со нас.

И за Градот Скопје, но и за државата ова претставува значајно инвестициско дело.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Слушнавте од воведните излагања на говорниците, станува збор за инвестиција од отприлика 22 милиони евра, нешто со коешто ќе се подобри стабилноста на системот, на мрежата, 110 киловолтно напонско ниво, надежноста се разбира, и ќе отвори перспектива за следните отприлика 20-тина години да одговори на сите предизвици од енергетски аспект, приклучни места итн. кои што ќе бидат потребни за развој на Градот Скопје.

Јас би сакал да се заблагодарам на колегите од Владата, на Министерството за транспорт, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство, на ЕВН, како компанија којашто инвестира во Македонија. Да се заблагодарам на сите оние коишто беа дел од овој проект и да посакаме уште многу инвестиции во енергетиката коишто ќе бидат додадена вредност и коишто ќе овозможат поголема стабилност на системот, поголем капацитет за прифаќање на нови производни капацитети, имајќи предвид потребите коишто во годините коишто ќе следат ќе бидат сè поголеми и поголеми, а ние како земја сакаме да бидеме енергетски хаб во регионот. 

Така што, еве уште еднаш и од мое име и од името на Владата, сакам да го истакнам и потенцирам значењето на оваа инвестиција.”

-рече во своето обраќање пред присутните Премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот