Додека во Хрватска повторно се вклучи црвениот метео аларм поради големите количини на наврнат дожд и додека невремето се сели кон Србија во Словенија веќе падна снег.Метеоролозите во Словенија за денес најавија обилни врнежи на дожд, додека пак за на планините најавија снег. Тоа и се случи денеска на планините повисоки од 1500 метри веќе има снег.Снежната покривка е најавено да достигне висина од 20 сантиметри, а ова не е прв пат да заврне снег во оваа сезона и на повисоките планини во Словенија претходно имаше дури два пати снег.Освен ова за наредните денови е најавен и пад на температурите, силен дожд и ветер, додека од петок се најавен температурен шок.Македонските метеролози за утре и задутре најавуваат зголемена облачност со појава на повремен дожд, но дали снегот ќе пристигне и кај нас останува да видиме
Извор: Курир


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник