БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пак активна”Јавна соба” на Телеграм. За Кочани и Виница се нуди “Кетамин”, “трава” и “Триасол” со достава до дома

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигнаа шокантни информации!!!

Иако МВР објави дека групата “Јавна Соба”, на апликацијата Телеграм е затворена, активностите на членови во оваа група сега се движат во друг правец.

Од фотографиите и видео материјалот кои што пристигнаа до нашата редакција може да се види дека во групата “Јавна соба” која што брои над 4500 членови, се нуди достава на марихуана, Кетамин и Триасол во општините Кочани и Виница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извесен профил на корисник на оваа мобилна апликација именуван како “Blanco Zemo” нуди “трава” “Tryasol” и “Ketamin” со достава до градовите Кочани и Виница.

Дали ваквиот неконтролиран начин на јавна понуда за продажба на овие супстанции укажуваат на инволвираност на влијателни полициски структури, е прашање кое што надлежните треба да го одговорат.

Нашиот извор на информации се сомнева дека ваквиот шверц на овие супстанции е во спрега со лица од полицијата, при што изразува надеж дека по оваа јавна реакција МВР ќе превземе активности за сузбивање на нарко картелите во овој дел од државата и дека случајот нема да се сведе само на еден разрешен командир на полициска станица и негово преместување.

Покрај овој црн пазар за недозволени супстанци, Кочани го тресат сомнителни кражби во последниот период. Нашиот извор алармира дека овие криминални појави “се поради изнуди и рекет на одредени влијателни полициски структури.”

Креирано од:


Пренеси го гласот