Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од прес центарот на Македонскиот парламент денеска го разобличи политикантското и штетно делување на Стево Пендаровски како Претседател на државата.
Според Николоски важни се два аспекти поради кои што пратениците од опозицијата буквално му свртеа грб на Стево Пендаровски н неговото новогодишно обраќање од собраниската говорница пред пратениците:
“Првата причина е, Стево Пендаровски докажа дека не е претседател на сите граѓани на Република Македонија, туку извршител на една политичка структура и извршител на Зоран Заев. Со тоа Стево Пендаровски сврте грб на македонските граѓани и затоа денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата му свртеа грб нему и ја напуштија салата во која што беше обраќањето.
Второ, Стево Пендаровски е прв што кажа дека нашиот национален херој Гоце Делчев е бугарин и со тоа ги сруши македонските национални позиции, ја отвори пандорината кутија, ги оневозможи историчарите на научна основа да разговараат за историјата, во преговорите за историјата внесе политика и драматично ги поткопа темелите на македонската самобитност, македонски национален идентитет, самобитноста на македонскиот јазик и посебноста на македонската историја.
-Стево Пендаровски е претседател на државата кој не кажа ниту збор за изјавите на Заев дека бугарската држава во втората светска војна била ослободител, дека тука имало администрација, дека бугарскиот и македонскиот јазик се едно исто. Збор не кажа за да се спротивстави на овие работи. Стево Пендаровски е претседател кој што не се консултира нити со политичките партии, нити со еден поширок општествен круг за стратешки работи кои што и се предлагаат на Македонија од типот на членство во една од најважните европски институции како што е Европската економска асоцијација. Стево Пендаровски без постоење на елементарен доказ за обезбедено мнозинство му го додели мандатот на Зоран Заев со што го стави во привилегирана позиција за составување на Влада во услови кога самиот Зоран Заев кажа дека нема обезбедено 61 потпис. Конечно, Стево Пендаровски е претседател на држава кој што е нелегитимно избран затоа што се појави сведоштво на лидер на верска заедница кој што кажа дека гласовите за Стево Пендаровски биле купени, а за возврат му биле ветени пари и земјиште на скопско Кале и затоа нема легитимитет да се претставува како Претседател на Република Македонија, истакна Николоски.
Тој ги изнесе поразителниот факт дека токму Стево Пендаровски јавно се обидел да го продаде Гоце Делчев, соопштувајки дека тој се декларирал како бугарин.
Сите аргументи на Александар Николоски зошто ги замрзнуваат односите со Стево Пендаровски како Претседател погледнете ги во неговата прес конференција од собраниската прес сала.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината