Беше тоа далечната 1990 година, јас војник септемвриска класа во Џаковица, Косово, каде 95 % од населението беа Албанци. И да имаш ”излаз у град”, освен во слаткара немаш каде да одиш. Башка Југославија крцкаше по сите шавови. Се поизвесно стануваше заминувањето на Словенија и Хрватска од СФРЈ. Во касарната во која што служев бевме околу 350 војници и 600-700 полицајци припадници на единици за посебни и специјални операции. Причината за нивно присуство беше што секој ден имаше демонстрации во центарот на градот, па овие одеа да ги растераат.
Од средства за кoмуникација само мало џебно радио кое освен радио Приштина, не фаќа друга станица. Некаде крај на мај се враќа другар од одсуство, нашинец од Делчево. Додека се гоштеваме со храната која ја донел од дома и вртиме муабет од типот што има, Ванче од прва ни вика: Бисер Балкански сте ја слушнале? Вади лист хартија од џебот и почнува: Солзи сами капат прости ми, тешки се ко твоите планини …. Оваа е првата и единствената песна која сум ја знаел напамет и пеел, пред воопшто да ја слушнам. Денес читам не била во согласност со договорот од Нивици, меѓу Заев и Ципрас па почнале да ја бришат од Јутуб. Ова е ваљда оној дел на договорот со кој ни се зајакнува идентитетот, Македонски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Организираниот енергетски пазар во подем: Министерката Божиновска во посета на МЕМО
Николоски: Во 2025 г Македонија ќе биде прва по економски раст во регионот
Средба Тошковски- Памер: Македонија и Австрија имаат многу заеднички точки за соработка на поле на безбедноста