Преку програмата URBACT Pioneers Accelerator и поддршката од Европската Унија, Општина Виница ги претвора заедничките идеи во конкретна промена.
Во изминатите месеци, претставници на Општина Виница, локалните институции, граѓанскиот сектор, образовните институции и други засегнати страни работеа заедно на развивање на идејата за трансформација на дел од Градскиот парк во поинклузивен, функционален и пријатен јавен простор за различни генерации и групи корисници. Со одржувањето на петтата и последна работилница, се заокружи циклусот на ко-креирање, а Градскиот парк наскоро добива целосно нов, поинклузивен и помодерен лик за сите генерации.
Веќе започнаа градежните работи и во рамки на проектот ќе бидат поставени шест хексагонални клупи околу постојните дрвја, 20 дрвени столпчиња за чекорење, една дрвена греда за баланс, сензорен ѕид, дрвени рампи за качување, пет куќички за птици, две сензорни капсули и хотел за инсекти.
Новите елементи се осмислени да создадат повеќе можности за игра, движење, одмор и социјализација, да придонесат кон поголема инклузивност на просторот, но и да го зајакнат контактот со природата и свеста за биодиверзитетот.
Во втората половина на септември е планирано и поставување на сцена/бина, со што паркот ќе добие дополнителен простор за културни, образовни и други активности на локалната заедница.
Ова не е крај, туку почеток на една убава локална приказна. Заедно градиме безбеден, пристапен и живописен парк за целиот град.
Пилот-акцијата „Парк за сите“ се реализира од Општина Виница во рамки на URBACT Pioneers Accelerator – Urban Nature Cluster, со поддршка на Европската Унија.
#ПаркЗаСите#Виница#URBACT#ИнклузивенПростор#ГрадскиПаркВиница#Заедница

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене