БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ПАТНИЧКИ ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ – НЕСПОСОБНОСТА НА СДСМ ЈА ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како комисија за транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, во неколку наврати предупредувавме дека несериозниот пристап кон железничкиот сообраќај што го практикува оваа Влада, може да ја наруши безбедноста на железничкиот превоз. За жал, пред 2 дена ова наше предупредување се потврди. Патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Кочани кај ст. Овче Поле, на отворена пруга излетал од шините. За среќа немаше човечки загуби.

Но, до кога ќе се надеваме на среќа? До кога овие настани ќе поминуваат без никаква одговорност и без лоцирање на причините за ваквите несреќи? Дали чекаме да ни се случат човечки жртви за да има одговорност? Сеуште се свежи сеќавањата од големата железничка несреќа што се случи кај Куманово во 2019 год. кога товарен воз со над 13 вагони излета од шините. Се причини огромна материјална штета од над 3 милиони евра за која до денес нема никаква одговорност, ниту пак има извештај за причините на несреќата. Така ќе помине и овој настан од пред 2 дена.

Се покажало во минатото, секогаш кога СДСМ е на власт железницата стагнира. Наместо да спроведуваат проекти за подобрување на железничкиот сообраќај тие размислуваат како побрзо да ги продадат железниците. ВМРО-ДПМНЕ купуваше нови возови, нови локомотиви и вагони, а СДСМ не се способни ни да ги управуваат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ете тоа е СДСМ.

Но, ова мора да запре. Време е овие луѓе да си заминат од власт, и да одговараат за се што направија, а после тоа да започне обновата на се што уназадија.

Став на Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот