Хемизацијата на почвата и сушата како дел од климатските влијанија се едни од најчестите фактори кои во последните неколку години придонесоа за загрозување на здравствениот билтен на пчелните семејства. Спасот за излез од ваквата состојба пчеларите го гледаат во зголемување на бројот на медоносни култури кои ќе придонесат за поголем принос на пчелата.Студот истотака влијаеше за енормна смртност на пчелите што пак придонесе за намален принос на мед кој годинава руши негативни рекорди само 2 до 4 килограми произведен мед по пчелно семејство. Ова го вклучи алармот кај пчеларите кои се погласно размислуваат за одгледувањето зимска пчела како дел од стратегијата за подобрување на ваквата состојба.Пчеларите од Пијанечко – Благоевградскиот регион кои ги мачат слични проблеми заеднички во Делчево ги договараа чекорите за спас на пчеларството. Инаку здружението Пијанечка Пчела 2 која беше организатор на настанот моментално брои 70 пчелари додека во Пијанечко бројката на пчелари изнесува над стотина.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис