Денеска во изјава за медиумите и јавноста Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ упати јасно и гласно прашање кон Стево Пендаровски во врска со очекувањата на кандидатот за претседател на СДСМ и нивната коалиција за зголемена поддршка за својот избор во вториот круг од претседателските избори.
“Изјавата во очај на Стево Пендаровски дека ќе загубел во првиот круг на претседателските, меѓутоа дека ќе победел во вториот круг е само алиби за големиот пораз кој му претстои. Вчерашната изјава на Артан Груби дека поддршка односно услов за поддршка и добивање на гласовите на ДУИ за претседател во вториот круг е избор на претседател на држава во Собрание, не е ништо друго освен ултиматум.
Стево Пендаровски е должен да одговори на македонската јавност дали го прифаќа овој ултиматум на ДУИ? СДС и Пендаровски се должни да одговорат дали ќе ја погазат волјата на граѓаните, дали ќе дозволат да се избере претседател на држава во Собранието? Очекуваме одговори.”
-соопштии во јавноста Драган Ковачки- член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!