Миленикот на Али Ахмети и поранешен Прв заменик Премиер во владата на Димитар Ковачевски Артан Груби во своето синоќешно гостување во “Тема на Денот” во вестите на ТВ Сител ги наброи условите кои што ДУИ и коалицијата ги имаат предвидено за поддршка на кандидат за претседател во вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи на 8 мај.
Покрај условот за носење на Уставните измени за вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот, Артан Груби ги обзнани и другите услови за евентуална поддршка на некој од кандидатите за претседател на државата во Вториот круг на изборите.
Ние имаме многу јасен став и тоа го кажа и господинот Ахмети во неговото излагање и е во нашата програма. Бараме претседателот да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство плус Бадентерово мнозинство што би обезбедило и општествен консензус кој што може да биде злоупотребен од стран на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно и да ги надгласаат другите заедници, затоа што заедно имаат 80 пратеници. Затоа за да се обезбеди и волјата на другите заедници, наметнуваме решение со Бадентерово мнозинство. Тоа ќе биде условот за коалицирање во вториот круг доколку Бујар Османи не влезе во вториот круг и гласовите на нашето гласачко тело ги побараат другите (кандидати).
-рече во вестите на Сител Артан Груби.
Целото гостување во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински во Аеродром: Проект за нов лик и урбанизирање на просторот позади ТЦ „Капитол“
Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект
Министерот Тошковски денес ги посети ДПД и ТППЕ Kочани: Ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе