„Стево е човек кој одамна донесе одлука да влече напред наместо назад. Ги избра граѓаните. Изразувам голема благодарност за големината на другите наши кандидати фаворити- Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Никола Димитров и другите кандидати. Големи луѓе, локомотиви во владата кои одлучија да одработат во Владата, за реформите, за граѓаните. Одлучија да дадат предност на натпартискиот Стево Пендаровски“ – Изјави Зоран Заев.
Пендаровски беше кандидат за претседател пред пет години, каде изгуби од Ѓорге Иванов кој освои околу 130 000 гласа повеќе. Овој пат по втор пат , ќе биде во трка со кандидатот за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ , проф. Гордана Силјановска Давкова.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!