Филип Додевски од ТК Бутел, го освои златниот медал во категоријата -87 кг со неверојатни пет победи: над Дијамантидис од Грција, Бабаевски – Русија, Антониос – Грција, Трабелси – Австраија и Драшко Јованов Србија.
Дејан Георгиевски исто така од ТК Бутел, се закити со сребро во категоријата +87 кг. Со победа врз Ѓорѓе Марчетиќ од Србија во првото коло, па Омар Ел Јазиди од Франција во второто, а во финалето изгуби од актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија.
Честитки за врвните успеси на нашите учесници на Европското клупско првенство по аеквондо, кое се одржа во Солун, Грција.