БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Перински: Сирера системот е основа за ефикасност и транспарентност во спроведувањето на политиката за рамномерен развој

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претставници на министерства, агенции и други институции учествуваат на дводневна работилница наменета за целта, функциите и улогата на СиРеРа електронскиот систем за координација на политиката за рамномерен регионален развој, во кој се внесуваат податоци од институции вклучени во нејзиното спроведување.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска на отворањето на дводневната работилница, информираше дека Министерството за локална самоуправа посветено работи на обезбедување навремено и системско пополнување на системот и веќе 20 државни институции внесуваат податоци во него, зголемувајќи ја транспарентноста и подобрувајќи ја координацијата на политиката за регионален развој.

„Нашата цел е да изградиме функционална база на податоци, која ќе овозможи подобра анализа и носење на информирани одлуки. Крајната цел на сите нас е еднаков развој на сите региони во државата, а тоа секако се постигнува со креирање на политики на база на сигурни податоци, што ни ги овозможува овој систем“, порача министерот Перински. Тој посочи дека планирано е во 2026 година, СиРеРа системот да се поврзе со ИФМИС системот, што ќе овозможи автоматско повлекување на податоци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овој систем, поддржан од Владата на Швајцарија, веќе е вклучен во скрининг процесот на Европската унија за напредокот на нашата држава во Поглавје 22. Со тоа, обврската за редовно пополнување на базата дополнително се зацврстува и станува важен сегмент во процесот на европската интеграција на нашата земја.

Креирано од:


Пренеси го гласот