БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Петрушевски: Дали ДУИ и СДС поради немање поддршка за протести решија преку етнички провокации да се наметнуваат во јавност?

Пренеси го гласот

Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ и СДС би дошле на власт.

Дали наместо протести кои ги најавуваше ДУИ добивме црно сценарио за провокации и етнички немири?

Токму на ова предупредуваше и премиерот Христијан Мицкоски кога кажа дека има уфрлено групи за провокација кои се со тесни врски со политички центри.

Дали навистина мислат ДУИ и СДС дека преку газење на македонското знаме, пукотници и блокирање на градови ќе дојдат на власт?

Зошто се толку многу исплашени? Дали вака мислат дека ќе се спасат од соочување со правдата?

Дали ДУИ и СДС поради тоа што се немоќни и немаат поддршка за протести решија на овој начин, преку етнички провокации да се наметнуваат во јавноста?

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено ги осудува сите инциденти во текот на вчерашниот ден.

Бараме од органите на прогонот да покренат постапки и со најстроги мерки и одлуки да се пристапи кон примена на законот.

ДУИ и СДС сеат семе на раздор. Тоа се антидржавни партии за кои партискиот и личниот интерес се над државниот.

Ова беше црно сценарио за предизвикување на етнички немири. Граѓаните да останат смирени и да покажат висока свесност за потребата да се игнорираат ваквите провидни црни сценарија.

Превземено од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот