Во недела на 20 ноември во село Тработивиште, делчевско ќе се одржи традиционалната “Зелкаријада” со почеток во 12.00 часот.
Во центарот на ова Пијанечко село, мештаните кои што од памтивек се занимаваат со произвотство на познатата тработивишка зелка ќе приредат убав настан за сите доронамерници.
Под мотото “Почувствувајте ги вкусовите и традициите на Пијанец” за присутните ќе биде приреден пригоден ручек со специјалитети од зелка, но и многу други традиционални јадења и вкусови од сопствено производство на жителите на село Тработивиште.
Со оглед на богатиот раскошен дух на традиција и гостопримство на тработивиштање убавото расположение е веќе однапред загарантирано.
Сите се поканети!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа