БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

На прес конференција од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево упатија повеќе прашања во јавноста кои што се однесуваат на директорот на Јавното комунално претпријатие “Брегалница” Делчево.

Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упати повеќе прашања до директорот Стојче Стојковски но и до градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски во врска со можни индиции за злоупотреба на службената позиција на директорот.

Прашањата на кои што според опозициската партија во Делчево, граѓаните и јавноста имаат право да ги знаат одговорите се однесуваат за работа на вработени лица во јавното претпријатие со градежна опрема во дворот на семејната куќа на директорот Стојче Стојковски кои што можат да се забележат на прикажани фотографии на самата прес конференција. Прикажаните фотографии според кажаното на прес конференцијата се доставени до раководството на партијата од страна на укажувач(и).

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Иван Гоцевски- претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево:

“Дали граѓаните на Делчево преку зголемените сметки за вода во услови на криза треба да плаќаат за дворното уредување на семејната куќа на Стојче Стојковски- директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево?

Врз основа на законот за укажувачи до нас како опозициска партија беа доставени повеќе информации од кои денеска објавуваме дел во јавноста во име на јавниот интерес.

До нас како ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа овие фотографии на кои се гледаат вработени од јавното комунално претпријатие и вработени во општина Делчево преку разни проекти како користат градежни машини вградуваат песок, бекатон плочки и останати материјали во дворот на семејната куќа на директорот Стојче Стојковски.

Сакаме јавно да го прашаме директорот Стојче Стојковски дали се точни информациите кои стигнаа до нас дека вработените на ЈКП Брегалница Делчево работат надвор од работното време и надвор од нивните работни налози? И доколку ДА на кој начин директорот им платил за нивниот ангажман? Понатаму го прашуваме директорот Стојче Стојковски дали машините кои што се гледаат на овие фотографии се во сопственост на ЈКП “Брегалница” Делчево и на кој начин се изнајмени за да бидат користени за уредување на неговиот семеен двор?

bregalnickimarketing

Директоре Стојковски дали бекатон плочките и песокот кој го имате вградено во вашиот двор се набавени од ваша лична сметка од некој приватен деловен субјект и дали поседувате соодветна сметка за ваквата набавка на овие градежни материјали?

Јавно прашуваме дали овие бекатон плочки и песок се изнесени од дворот на ЈКП “Брегалница” Делчево за да бидат поставени во вашиот двор?

Граѓаните на Делчево треба да го знаат одговорот на овие прашања од јавен интерес со оглед дека сте јавен функционер кој е платен од пари на граѓаните на Делчево. Исто така сакаме јавно да го прашаме и градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски дали е запознаен за оваа состојба и што ќе превземе за истата да биде решена?”

-запраша Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот