БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Платено од секретаријат за европски прашања”! До толку ли Маричиќ нема осет за одговорност?

Пренеси го гласот

Врти реклама на фејсбук од името на Бојан Маричиќ, а платена од парите на граѓаните преку Секретаријатот за европски прашања при Владата.

Прашањето кое се наметнува е зошто се трошат народните пари и што е толку важна информацијата која ја пренесува Маричиќ за граѓаните па што истата мора да се спонзорира со народни пари. Зошто информацијата не е споделена нормално како и сите други информации па ако е толку важна граѓаните и медиумите сами да ја пренесат за да стигне онаму каде треба.

Дополнително е дискутабилно зошто баш сега МАричиќ решил да се промовира себеси на фејсбук кога во политичките партии е во тек кампања за наметнување на новите политички кандидати на наредните избори кои се најавени за крајот на месец април? Дали на ваков начин Бојан Маричиќ сака да си ги подобри рејтингот за да биде кандидиран на некоја листа, останува да видиме во наредниот период.

Креирано од:


Пренеси го гласот