БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Предновогодишниот концерт „Jingle Bells Symphony„ – распродаден во еден здив

Пренеси го гласот

Најавата за предновогодишниот концерт „Jingle Bells Symphony„ разбуди голем интерес кај публиката. Има уште една недела до концертот, а веќе е целосно распродаден.

Музичкиот спектакл кој на 18.12.2023 ќе го приредат Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола е полн погодок за вистинско предновогодишно уживање во изведбата на светски најпопуларните Божиќни песни, јавноста тоа го препозна и картите веднаш се продадоа. Последниве неколку дена се бара место повеќе, а Македонска Филхармонија ќе блесне во полн сјај, без ниту едно празно столче.

Концертот ќе започне во 20:00 часот, а публиката ќе ја доживее оваа зимска концертна магија слушајќи ги песните како „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“, „Елко, елко“ и многу други.

Овој бајковит музички репертоар ќе вклучува нови аранжмани за оркестар и пет уникатни женски вокали.

Песните ќе бидат отпеани од исклучителните вокали на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, зачинети со звуците на маестралните музичари од Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на единствениот Владимир Димовски.

bregalnickimarketing

„Jingle Bells Symphony„ е проект за кој организаторите најавуваат дека ќе прерасне во долга традиција, во која оваа година се вклучи како генерален спонзор брендот „Пелистерка“. Со овој концерт тие практично го затворија одбележувањето на јубилејот 70 години „Пелистерка“.

Креирано од:


Пренеси го гласот