БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

По амандманот на пратеникот Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, река Отиња добива ограда во центарот на Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако беше усвоен амандманот на пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на расправата во парламентот, започна имплементацијата на проектот за поставување на метална заштитна и естетска ограда на речното корито на река Отиња во централното градско подрачје во Штип.

Станува збор за инвестиција одобрена по барање на пратеникот Мицевски во вкупен износ од над 5,5 милиони денари со што значително ќе се подобри безбедноста и естетскиот изглед на коритот на река Отиња.

За почетокот на реализацијата на проектот пратеникот Мицевски го изрази своето задоволство затоа што неговата имплементација значително ќе придонесе за подобар животен стандард за штипјани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Се започна со реализација на проектот :

– “Поставување на заштитна ограда на река Отиња, од лева страна низводно, од ЈП Исар до влив на река Брегалница кај Ново Село”

Должина: 1.350 метри

Вредност: 5.580.427 денари

Ова се средства кој што “амандмански” на мое барање беа одобрени од централната власт.

Со тоа ќе се заокружи целосно еден проект “Заштитна ограда на р.Отиња”, кој што е реализиран на мои барања на средства и одобрени од централната власт, а се со една цел.

Поголема сигурност при движењето на пешаците, како и визуелно и урбано уредување на централното градско подрачје.

Горд сум на тоа!!!”

-соопшти пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, на што се надоврза и градоначалникот на општина Штип во однос на нужноста за реализацијата на овој проект и ефективноста на делувањето на пратеникот Ницевски.

“Благодарение на поднесениот амандман од страна на пратеникот и координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание на Република Македонија, Никола Мицевски, на левата страна на р. Отиња ќе се постави заштитна ограда, за поголема безбедност на пешаците и поубав изглед на централното градско подрачје.

Проектот е во износ од 5.580.000 денари и е финансиран од централниот Буџет на Република Македонија.”

-соопшти Градоначалникот Иван Јорданов во оваа прилика.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace