Во склоп на извршувањето на работните активности на прокетот Јавни работи, мерка 6, продолжува комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот Кочани.
Во моментот се уредуваат тротоарските површини на улица „Евлија Челебија“ и тротоарот на магистралниот пат Кочани – Пониква кој се протега кон с. Бели. Просторното уредување продолжува и во наредните денови на нови локации.
Во изминатите денови во скоп на истиот проект Јавни работи, мерка 6 беше уреден стариот Градски Парк, при што во периодот којшто следува ќе се постави јавно осветлување, а потоа и корпи за отпадоци, клупи и фонтана.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година