БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

По Божја промисла да донираме за завршување на уште едно христијанско светилиште- црквата Св. Петка во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во тек е голема донаторска акција за прибирање на материјални средства за завршување на црквата Св. Петка во Кочани.

Станува збор за еден преубав духовен храм кој што се гради подолго време со донации и напори на самите граѓани. Работите привршуваат, но се потребни уште околу 20-тина илјади евра за да се изработи и да се постави новиот свет олтар во црквата согласно сите традиции и естетски вредности за ваков тип на опрема.

Граѓанската организација Грин.орг со свој личен пример учествува во реализацијата на изградбата и уредувањето на овој световен духовен храм, а преку социјалните мрежи преку соодветна донаторска платформа овозможија секој граѓанин кој што може согласно своите можности да донира финансиски средства и да биде дел од оваа благородна хумана приказна.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Изградбата на духовен храм е наменет за народот во рамки на вековната традиција е особено благородна работа и секој што има можност треба да учествува во самиот чин.

Во продолжение ја пренесуваме пораката на организаторите на оваа донаторска акција објавени на интернет платформата каде што може да се изврши донирањето.

“Почитувани браќа и сестри, црквата св.Петка во Кочани е започната да се гради уште пред 30 години. Покрај оваа црква извира и вода која е посветена на св.Петка Римска. Темелите на храмот се осветени, но уредувањето овие 30 години оди споро. Досега во рок од две недели како здружение обезбедивме фасада, плочки за поплочување, лепак, украсен камен, светилки, обезбедени се и мајстори кои своеволно се нафатија за помош , а сето ова погоре наведено е обезбедено од донации. Би сакале за да ја довршиме да обезбедиме средства за олтар кој треба да биде резбан на дрво. Оваа специфична изработка чини скапо но вреди со оглед на тоа дека со ова завршно се отвора уште еден Божји храм. Христијанството е суштината на нашето постоење и само со верба и сила од Бога ќе успееме да го завршиме. Ве молиме донирајте за оваа завршна фаза и изработка на олтар за црквата св.Петка.

Се надеваме дека христијански ќе се сплотиме и заеднички ќе го издигнеме и овој свет Божји храм и ќе го шириме христијанството.

Ви благодариме

Со почит ,
Грин.орг”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на организаторот на оваа донаторска акција.

во продолжение е дадена интернет врската каде што може секој граѓанин да донира согласно своите можности:

Креирано од:


Пренеси го гласот