Денес на пријава на жители на село Јакимово започнавме со чистење на мини депонии создадени од несовесни граѓани по течението на река Осојница и враќање на сјајот на реката.
Акцијата ќе продолжи и наредните денови, а продолжуваме и со чистење на останатите речни корита и одводни канали низ целата општина.
Апелираме до совесните граѓани да пријавуваат одлагање на било каков отпад до инспекциските служби во Општина Виница, воедно информираме дека за несоодветно одлагање на отпадот ќе следуваат строги казни согласно закон.
Извор: Општина Виница

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм