Во програмата на АКК Примо авј за 2018-та следува кружниот Авто натпревар Скопје 2018, кој се бодува за Шампионатот на Македонија и ЦЕЗ (Централно Европската Зона). Натпреварот ќе се одржи на 07.10.2018 година (недела) со почеток во 12:00 часот и ќе се возат по 20 кругови во секоја дивизија.
Асфалтната патека е лоцирана на Булеварот Гоце Делчев, во појасот Судска Палата – Скопски Саем, со пропусна моќ од 23 возила. Долга е 2050 метри, широка од 6 до 14 метри. Патеката е лиценцирана од страна на комисијата за лиценцирање.
Важат одредбите од Правилникот на АФМ за авто-трки на кружни патеки и посебниот правилник на натпреварот.
Програма на натпреварот:
Петок 05.10.2018 година
Технички преглед и верификација 16:00 – 20:00 часот
Сабота 06.10.2018 година
Технички преглед и верификација 08:00 –9:00 часот
Прва седница на жири 10:00 часот
Брифинг со натпреварувачите 11:00 часот
Официјален и неофицијален тренинг 12:00 часот
Втора седница на жири 18:30 часот
Недела 07 .10.2018 година
Брифинг со натпреварувачите 10:00 часот
Свечено отворање 11:00 часот
Натпревар 12:00 часот
Трета седница на жири 30 минути по завршување на натпреварот
Прогласување на победниците 30 минути по седницата на жири

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“