Маестралниот скулптор Боро Митриќески, почина денеска на 91 годишна возраст. Роден во Прилеп во 1927 година. Неговиот талент го усовршувал на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на врвни вајари. Добитник на голем број награди и признанија, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, а подоцна и директор на Уметничката галерија „Даут Пашин амам“.
Во својата пребогата кариера реализирал над 350 дела.
Тој е главен “ виновник ” на неколку спомен обележја ширум Македонија како :
„Железара“, скулптура во метал – Скопје, Споменик „Кирил и Методиј“, бронза – Скопје,
споменик „Карпош“, мермер – Кратово,
споменик НОБ – Делчево и
фонтана „Дојран“.
Неговата љубов биле и фигурите, актови, композиции, портерети и многу други видови на моќни дела кои ќе остават длабога трајност во Македонската уметност.
Погребот на Боро Митриќески ќе биде на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје на 26 ноември (понеделник) во 13 часот.