На 54-годишна возраст, во Кочани почина Анче Трифунов, претседател на Советот на Општина Кочани во периодот од 2009 до 2013 година.
Трифунов беше дипломиран машински инженер, кој во периодот од 2011 до 2014 година ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за економија, а во два наврата, од 2007 до 20011 и од 2014 до 2018 беше раководител на Подрачната единица на АД Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во Кочани.
Беше секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани и учесник во Татковинската војна во 2001 г.
По повод смртта на Трифунов, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати сочувство до семејството на починатиот.Посмртните останки на Трифунов ќе бидат погребани в сабота, 25 јануари 2025 г. на Градските гробишта во Кочани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не може да ги исплати постојните плати и надоместоци а градоначалникот вработува нови лица на платен список во предизборна година
Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес
Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани