БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почина Чарли Вотс, тапанарот на култните Ролинг Стоунс

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 80 годишна возраст почина тапанарот на култниот рок бенд Ролинг Стоунс.

Публицистот на бендот Бернард Доерти соопшти дека Вотс починал мирно во болница во Лондон во присуство на неговото семејство.

Чарли Вотс беше сакан сопруг, татко и дедо а исто така како тапанар на Ролинг Стоунс еден од најголемите тапанари на неговата генерација, соопшти Доерти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претходно Чарли Вотс соопшти на јавноста дека нема да биде дел од турнејата на Ролинг Стоунс поради здравствени причини.

На официјалната твитер сметка на бендот беше објавено ова соопштение заедно со фотографија на покојникот.

Чарли Вотс во бендот кој беше репер за вистинско рокерско однесување и артистички рокерски израз што до одредена мера ја дефинираа рок културата беше еден од најповлечените членови кој секогаш беше своевиден стабилен столб на бендот кој беше познат по својата дива страна.

Креирано од:


Пренеси го гласот