БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почина легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На свои 93 години почина легендарниот актер и впечатливиот баритонски глас кој што беше подлога на голем број филмски ликови Џејмс Ерл Џоунс.

На свои 9 години имал проблем со пелтечење по што пет години вопшто и не зборувал за потоа да ја започне својата филмска кариера и да прерасне во еден од најзначајните филмски гласови.

За една од неговите најзначајни филмски улоги гласот на Дарт Вејдар од Војна на ѕвездите Џејмс Ерл Џонс добил хонорар од неколку илјади долари за снимање на неговиот глас што траело само 2,5 часови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваа негова улога ќе го постави на тронот на еден од најзаканувачките ликови во светската кинематографија- ликот на Дарт Вејдар кој што со неговиот глас доби епска димензија и културолошки идентитет.

Покрај гласот на Дарт Вејдар Џејмс Ерл Џоунс го позајмува гласот и за Му4фаса во легендарниот анимиран филм “Кралот Лав”.

Неговата актерска магија се состоеше од можноста на својот глас да му зададе емоција, карактерност и диверзитет кои што креираат суптилен допир со публиката на сетилна основа. Она што визелните слики на филмот го правеа за очите на гледачот, неговиот глас го правеше за слушните сетила.

Покрај филмското платно, негова огромна љубов биле и театарските штици каде што исто така имал брилијантна кариера.4

Креирано од:


Пренеси го гласот