Си пишуваш цел ден сценарио за игран филм, градиш карактери, тераш заплети, па онака уморен си велиш, ај да видам што има во матните води на социјалните мрежи.
Кога таму:
1. Градоначалникот на Дебарца претепал фудбалски судија.
2. Вработен во министерство за правда учествувал во силување на девојче.
3. Советниците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не изгласале финансиска помош за болно девојче, туку за обештетување на кафеани.
4. И најпотпросечно неинтелигентен човек знае дека „не треба да се отвара Пандорина кутија“, само Заев мисли дека „не треба да се шири Пандорина кутија“.
5. Рангелова открила дека партијата и е изолирана, ама дури сега, во опозиција и под обвинение.
6. Шеќеринска ни кажува дека ако ги откриеле уставните амандмани со кои ќе вршат идентитетски геноцид врз Македонците, немале да добијат двотретинско мнозинство.
7. Ордановски и Мијалков станале први другари.
8. Обвинителство ќе го гони Претседателот затоа што овој се дрзнал да почитува Устав
И така ти станува јасно зошто глупа багра што себе се нарекува „авангарда“ се радува кога Собранието преку поткуп и уцени ја поништува мнозинската волја на народот изразена на референдум..
ЕУтаназија на здравиот разум на секое поле од битисувањето
Фејсбук статус на Александар Русјаков

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи