Поетска ноќ во Велестово е поетски фестивал што се одржува во охридското село Велестово
Од Охрид, селото Велестово е одалечено 4 до 5 км. Се оди по асвалтиран пат. Местоположбата на селото од каде има прекрасен поглед на езерото и градот Охрид придонеле ова село да биде атрактивно за купување на земја и изградба на современи викенд куќи.
Оние жители кои остануваат во селото преку целата година во најголем број се пензионери, а неколку жители се занимаваат и со овчарство. Приходите кои ги остваруваат од одгледувањето на овци и производство на сирење.
Изминативе дваесеттина години поголем дел од сопствениците ги продавале своите ниви на луѓе кои ги привлекла убавината на селото. Новите куќи се користат повремено најчесто во летниот период. Мал број жители од 7 – 8 домаќинства постојано живеат во селото. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 53 жители, сите Македонци.

Најстариот статистички податок за бројот на жителите на село Велестово се среќава во „Опширниот пописен тефтер на Охридскиот санџак“ од 1583 година и според него, во наведената година селото броело 113 семејства, сите христијани. Вакви и слични статистички податоци се наоѓаат и во други османлиски тефтери во кои е претставено движењето на бројот на населението низ подолг временски период, а во 1900 година Васил К’нчев објавил статистика за годините од 1884 до 1889 и во тој период селото имало 560 жители. Пописните листи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС) од 1921 година наведуваат 72 домаќинства со 643 жители на Велестово.
Секоја година тука се одржува поетски уметнички собир под отворено небо и му се посветува на оригинален, интелектуален, современ поет. Поетската ноќ во Велестово има и изложба на скулптури и за уметниците е инспиративна средба чија вредност е во нејзината неинституционалност и спонтаноста. До сега се одржани преку 20 средби.
Велестово денес е препознатливо како атрактивна туристичка дестинација за активен туризам и по манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, која поетскиот збор го врати на праизвориштето, таму од каде што никнал, од длабочините на милениумите, од живата природа и од радоста што ја нуди таа.

Триесет и првото издание на поетската ноќ во Велестово ќе трае до 18 август.
На поетската ноќ предвиден е настапот на вокалистката Евгенија Здравевска и Александар Петров како специјална придружба на тапан.
Годинешното издание на манифестацијата е посветено на поезијата на Иван Џепароски. За неговото дело ќе зборува професорката Наташа Аврамоска, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Владимир Јачев.

Во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во Велестово, истата вечер ќе биде отворена и изложбата на академскиот сликар Воскресија Андреевска.
Бидете дел од преубавата култура и традиција на Велестово.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина