БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Демир Капија после 17 години повторно организира натпревар во кајак на диви води

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По пауза од 17 години, возобновениот ККК „Просек” Демир Капија во соработка  со општината  Демир Капија и Кајакарската Федерација, организира отворен Куп во кајак на диви води – слалом.

Настанот ќе се реализира на 25 септември, а задоволството е големо од враќањето на традицијата крај железната порта, со цел  промовирање на демиркаписките природни богатства покрај реката Вардар, но и спортот како здрав начин на живот,

– На ова првенство ќе имаме можност да гледаме голем број на кајакари од Македонија и од соседните држави. Доделувањето на наградите ќе биде во центарот на Демир Капија. Очекуваме голем број на гости од земјава и странство, да ја почувствуваат демиркаписката гостопримливост. Впрочем, за неа говори и зголемениот број на туристи во Демир Капија,  – за МИА нагласи градоначалникот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој потсети дека општината со која раководи отсекогаш имала кајакарски потенцијал, а кајакарството како љубов се пренесува од генерации на генерации. 

Креирано од:


Пренеси го гласот