БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Погледнете ја листата на луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

Пренеси го гласот

Нобеловата награда за мир е една од петте Нобелови награди оставени во наследство од шведскиот индустријалец, изумител и производител на оружје Алфред Нобел заедно со наградите во областа на хемијатафизикатапсихологијата , медицината и литературата. Од 1901 година, наградата се доделува секоја година (со некои исклучоци) на оние кои што направиле најмногу за заедништво помеѓу нациите, за укинување или намалување на веќе постоечките вооружени сили и за залагање и пропагирање на мировните конгреси.

Според тестаментот на Алфред Нобел, оној кој што ја добива наградата е одбран од страна на Норвешкиот одбор за Нобелови награди, петочлен одбор назначен од страна на Норвешкиот парламент. Од 1990 година, наградата се доделува на 10 декември секоја година во Градското собрание во Осло. Доделувањето на наградата претходно се вршело во Атриумот на Правниот факултет при Универзитетот во Осло (19471989 година), во Норвешкиот институт на Нобелови награди (19051946 година) и во Парламентот (1901-1904 година).


Според Нобеловиот тестамент, наградата за мир треба се додели на личноста која „ќе има направено најмногу за заедништво помеѓу нациите, за укинување или намалување на веќе постоечките вооружени сили и за залагање и пропагирање на мировните конгреси“.

Тестаментот на Алфред Нобел одредува да наградата се доделува од страна на комитет од пет члена избрани од Норвешкиот парламент. Нобел умрел во 1896 година, без објаснување за изборот на наградата за мир како категорија на награда. Бидејќи тој бил хемиски инжинер со искуство, категориите хемија и физика биле очигледни избори. Според Норвешкиот одбор за Нобелови награди, најголемо влијание врз неговата одлука да ја вклучи наградата за мир како категорија, имало неговото пријателство со Берта фон Сутнер , мировна активистка.

Некои ученици на Нобел претпоставуваат дека на тој начин Нобел се трудел да надомести за создавање на оружја со разорна моќ.

 Секоја година има бројни дебати за тоа кој требало, а кој не требало да ја добие. Па, погледнете ги 25-те луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но не ја добиле.

1. Вацлав Хавел

Како чешки драматург, есеист, поет и политичар. Во овој период тој беше познат по неговата работа за човечки права низ Источна Европа и е именуван како еден од највлијателните личности на 20-тиот век.

2. Сари Нусејбе

Овој професор по филозофија од Палестина решил да им помогне на неговите луѓе кои се наоѓале сред крвопролевањето. Неговите поддржувачи веруваат дека неговата пасивна битка, која наликувала на онаа на Ганди, е причината што треба да ја добие наградата.

3. Еленор Рузвелт

Еленор е многу повеќе од поранешната прва дама на САД. Всушност, таа ја водела првата мисија на САД кон Обединетите Нации и ѝ овозможила на САД да сфати колку се значајни ОН.

4. Папата Јован Павле II

Јован Павле II се смета за еден од највлијателните лидери на 20-тиот век. Тој помогнал да се стави крај на комунистичкиот режим во неговата родна Полска, и со текот на времето во цела Европа.

5. Дороти Деј

 Дороти Деј го организирала Движењето на католичките работници. Нејзината мисија била да им помогне на семејствата одново да ги изградат нивните животи и да промовира мир со заедничко живеење и еднакво распределено богатство. Нејзините движења се активни до денес.

6. Кен Саро-Вива

 Кен Саро-Вива бил дел од луѓето Огони, малцинство од Нигерија, и отсекогаш бил искрен за неговата омраза кон власта во неговата држава. Поради експлоатацијата на луѓето од страна на власта, тој формирал организација која ќе ги заштити правата на малцинството и организирал ненасилни демонстрации.

7. Фазле Хасан Абед

Фазле имал голема улога во градењето на Бангладеш по Индо-Пакистанските војни. За да ѝ помогне на својата нација, тој формирал организација чија цел била одново да ја изгради инфраструктурата на Бангладеш и да им помогне на луѓето да ги изградат нивните домови. Со текот на времето организацијата стана една од најголемите од овој вид во светот.

8. Корасон Акино

Позната како првиот женски претседател во Азија, Корасон воспоставила голем број демократски и хуманитарни реформи во Филипините. Почетокот на нејзиното владеење го означило крајот на диктатурата во Филипините. Таа се смета за една од највлијателните жени во историјата на светот.

9. Ирена Сендлер

Ирена била медицинска сестра и социјален работник од Полска која служела во полското подземје во текот на Втората светска војна. Таа пренела над 2.500 еврејски деца надвор од Варшава и им обезбедила лажни документи со што ги спасила од холокаустот.

10. Махатма Ганди

Иако повеќето луѓе знаат за Ганди и веројатно помислувате на него кога станува збор за награди за мир, тој никогаш не ја добил Нобеловата наградата. Тоа не значи дека неговото влијание останало незабележано.

Креирано од:


Пренеси го гласот