Партизацијата на институциите од сдтана на СДСМ, беше тема на вчерашната прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип. Секретарот на општинскиот огранок на опозиционата партија во Штип, Здравков Трајче изнесе поголем број на аргументи преку кои ја илустрираше состојбата во овој регионален центар во Брегалничкиот регион.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:
“Власта во заминување, свесна за поразот кој и предстои, решава на безобразен, манипулативен и провиден начин, колку толку, да ги задоволи незадоволните партиските послушници.
Во последните 2 месеци сведоци сме на секојдневни вработувања и груба партизација на институцииите во Штип од страна на СДС, каде условот за вработување не е компетентноста и стручноста, туку исклучиво партиската припадност.
Според анализата која ја направи Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Штип, откако СДС е на власт ги има политизирано инситуциите во градот со oколу 620 партиски вработувања. Но овој начин на вработување немаше да биде толку скандалозен ако огласите за вработување не се само формалност, а лицата кои се вработуваат однапред се знаат и се запишани во партискиот тефтер. Иронијата да биде поголема, ќе презентираме еден пример како СДС ги изигрува законите и се спремни на се само да вдомат што повеќе партиски кадри пред заминувањето од власт.
Имено,на 6 Декември е распишан оглас за вработување во Управата за јавни приходи,а во дирекцијата Штип е предвидено да се вработат 6 службеници.Но на разочарување на Штипјани, ако сакаат да конкурираат на овој оглас треба по националност да се Албанци. Да, Албанци бидејќи за сите 6 работни места пишува дека работното место е предвидено за Албанец.
Се сомневаме дека СДС на срамен начин ќе продолжи со злоупотреба на таканаречената позитивна дискриминација, мерка која постои со цел да доведе до правична зacтапеност на помалите eтнички заедници во институциите и ќе ги задолжи своите членови да се изјаснат дека по националност се Албанци за да можат да бидат вработени.
Но народот гледа, цени и памти. Сведоци сме на големи понижувања и страданиа проследени со скандали, тешки измами, предавства и партиски вработувања.
Нема економија, нема инвестиции,нема напредок на ниедно поле,има само полнење на институциите со партиски кадри.
Овие чекори се последната сламка на спасот колку толку да пробаат да го ублажат поразот кој ќе го доживеат. После ова скандалозно владеење знаат дека нема никогаш повеќе да допрат до власт.
Почитувани сограѓани, да се разбудиме од мрачниот сон кој ни е насила наметнат, да ја покориме неправдината, корупцијата и манипулациите практикувани од оваа ненародна и предавнички власт. “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол