БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“ОБНОВАТА ДОАЃА”-Голем народен собир во СЦ Јане Сандански во Скопје

Пренеси го гласот

Почитувани граѓани,

Драги браќа и сестри,

Завршува тажната и мачна епизода која ја преживува Република Македонија, од која мораме да извлечеме поуки и да станеме посилни.

Со акцијата “Разговорите за Обнова на Македонија” поминавме низ секој град во земјава, дискутиравме за проблемите и баравме решенија. Овој напатен народ не е прашан, ниту слушнат од Власта, а проблеми има премногу.

Македонија стана држава во која владеат измами и рекети, се газат принципите, поразите како нација ни станаа секојдневие, а неправдата и криминалот силно ја гушат секоја пора преостаната слобода. Премногу млади и добри луѓе ни ја напуштаат државата поради лошиот живот, а се покажа дека проблемите не познаваат ниту вера или нација, тие се заеднички.

Но, затоа и нашата грижа е заедничка, Македонија има надеж.

bregalnickimarketing

ВМРО-ДПМНЕ цврсто верува дека заедно, еден до друг, сложно ќе донесеме Правда, Победа, Промени, Принципи, а сето ова ќе значи Обнова на Македонија.

Ве покануваме во Сабота, на 21 декември, со почеток во 14:00 часот, во салата „Јане Сандански“ на Собир со една порака: ОБНОВАТА ДОАЃА! Да ги кажеме нашите ВРЕДНОСТИ и ВИЗИЈА! Затоа што ја сакаме Македонија, затоа што веруваме и се бориме за заедничката иднина. И затоа што ќе победиме заедно!

Креирано од:


Пренеси го гласот