БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Погледнете ја уникатно ретката снимка од Џ. Р. Р. Толкин, каде ја чита поемата „Еден прстен“

Пренеси го гласот

Џон Роналд Руел Толкин (3 јануари 1892 – 2 септември 1973) англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна јавност по неговите епски дела „Хобитот“, „Господарот на прстените“ и „Силмарилион“.

Толкин предавал староанглиски јазик на колеџот Сент Џон во Оксфорд и на колеџот Пембрук во Оксфорд од 1925 до 1945 година. Тој исто така предавал англиски јазик и книжевност на колеџот Мертон во Оксфорд од 1945 до 1959 година. Толкин своевремено бил близок пријател со К. С. Луис, со кој заедно членувале во книжевното друштво познато како Инклингс. На 28 март 1972 година Толкин бил одликуван со Редот на Британската Империја од страна на кралицата Елизабета II.

По смртта на Толкин, неговиот син Кристофер Толкин објавил серијал дела кои се всушност необјавени ракописи на самиот Толкин, меѓу кои и познатото дело „Силмарилион“. Овие, заедно со „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен „Арда“ и „Средна земја“. Помеѓу 1951 и 1955, Толкин го вовел поимот „Толкинов легендариум“, сеопфатен поим за најголемиот дел од овие дела.

Иако голем број писатели објавиле дека од сферата на фантастиката пред времето на Толкин, големиот успех на „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ довеле до широко распространување и популарност на епската фантастика како жанр. Така, ова довело до општото јавно мислење и поистоветување на Толкин како „татко на современата книжевна фантастика” или поточно епската фантастика. Во 2008 година, весникот „The Times“ го рангирал Толкин на шестото место на списокот на „50 најголеми британски автори од 1945 година“.Од друга страна пак, „Форбс“ го рангирал на 5. место од најпрофитабилни „починати познати личности“ во 2009.

Според она што го кажал Џон Роналд Руел Толкин, авторот на трилогијата „Господар на прстените“, во едно негово писмо од 1958-ма година, еве што претставува Прстенот од епската фантазија:

Три прстена за Кралевите елфски под небото сјајно
Седум за владетелите на Џуџињата во дворецот камен
Девет за Смртните луѓе што умираат знајно и незнајно
Еден за Мрачниот господар на престолот негов темен
Во земјата Мордор Сенките кај чмаат
Еден прстен да господари со сите, еден сите да ги пронајде,
Еден прстен сите да ги збере, во мрак да ги врзе
Во земјата Мордор Сенките кај чмаат

Зборовите кои се изгравирани на прстенот се напишани на „црниот јазик“, јазикот кој се зборува во Мордор.

bregalnickimarketing

Ash nazg durbatulûk, ash nazg gimbatul,
Ash nazg thrakatulûk agh burzum-ishi krimpatul.

Преведено на „заедничкиот јазик“:

Еден прстен да господари со сите, еден сите да ги пронајде,
Еден прстен сите да ги збере, во мрак да ги врзе.

Креирано од:


Пренеси го гласот