БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Покана за традиционален отворен ден за медиуми на Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

КК МЗТ Скопје Аеродром има чест и задоволство да ве покани на традиционалниот отворен ден за медиуми („Media Day“), кој ќе се одржи на 23 септември (среда), со почеток во 12:00 часот во салата „Јане Сандански“.

Со цел полесна организација и непречено одвивање на настанот, агендата е следна:

11:30 часот: Собир на новинарските екипи во прес-салата во склоп на спортскиот центар.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

11:45 часот: Можност да се проследат последните 15-тина минути од тренингот на екипата предводена од шефот на стручниот штаб, Васко Атанасов.

12:00 часот: По завршувањето на тренингот, сите кошаркари, членови на стручниот штаб и на управата на клубот ќе ви бидат на целосно располагање за изјави, интервјуа и фотографирање.

Отворениот ден ќе го заокружиме со пригоден коктел за новинарите кој ќе се одржи на самиот терен во салата, каде што ќе продолжиме со неформална дружба пред почетокот на новите предизвици.

Креирано од:


Пренеси го гласот