БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Покрај мито за ангажман во меѓународни мисии Ковачки открива скандал на сексуално малтретирање на офицерки и војници

Пренеси го гласот

Пратеникот Драган Ковачки чија што специјалност е одбраната и безбедносните служби на професионален план, во јавноста открива уште еден тежок скандал во редовите на АРМ. Покрај постоењето на мито и корупција за обезбедување на ангажман во рамки на меѓународните мисии на АРМ, Ковачки во јавноста изнесува постоење на сериозни случаи на злоупотреба на службена позиција и сексуално малтретирање на офицерки и војници од страна на високи офицери вклучително и началници и генерали.

“Пред кого, зошто и до кога ќе молчат врховниот командант Стево Пендаровски и министерот за одбрана Славјанка Петровска?

Покрај појавата на плаќање на пари и давање на мито за мисии, во АРМ има сериозни случаи на злоупотреба на службената позиција и сексуално малтретирање на потчинети офицерки и војници од страна на високи офицери (вклучително и од страна на генерали и од началници во воената безбедност), кои за возврат им ветувале унапредувања, школувања и разни бенефити.

За ова имало истрага со докази (!), но истата е забошотена за да не пукне скандалот во јавност.

За истово е информиран и Претседателот на државата Стево Пендаровски затоа што дел од тие кои тоа го правеле се во негова надлежност, но Пендаровски до ден денешен нема преземено ништо.

Ниту пак покажал интерес за истото.

Министерката за ова знае, но и’ одговара да не се “крева прашина” во последните месеци од нејзиниот мандат.

До кога министерке ќе трупате се’ под тепих и дали мислите дека за 6 месеци од денеска ова ќе остане нерасчистено?

Наместо да ги избркате од работа сторителите за да пратите јасна порака дека човечкото достоинство нема цена и дека во АРМ нема да се толерираат испади од ваков вид, Вие ги стимулирате.

Се срамите ли што и покрај тоа што сте дама, штитите насилници кои малтретираат и манипулираат офицерки и подофицерки?

До кога г-не Пендаровски и г-мо Петровска ќе бидете клекнати пред ДУИ?

Па вие се плашите законски да постапите со лица на кои сте им надредени и им давате плата, а камоли да имате храброст утре да треба да наредите употреба на воена сила во дадена ситуација.

Вие сте тотално неспособни и сте разградувачи на системот!

Само се сликате и се служите со празни флоскули заради личен ПР.

*За ова мора да има одговорност!

#Промени

-алармираше во јавност пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот