Младиот музичар Давид Темелков во чест на 11 Октомври – Денот на востанието на Македонскиот народ ја објави својата најнова песна насловена “Мојата Македонија” проследена со преубав видео спот.
Автор на музиката и текстот на песната се на Давид Темелков додека аранжамнот е на Александар Јовевски и Давид Темелков. Давид Темелков е автор и на видео записот на песната
„Драги мои, сите ние кои живееме во нашата татковина, како и сите оние кои се подалеку, а татковината ја носат во срце… од срце ви ја поклонувам “Мојата Македонија”… Оваа песна е поклон од Македонија за мене, и од мене за Македонија. Тука сум роден, тука сум пораснал… Македонија ме пораснала, и сѐ она што го носам во срцево за неа, за луѓето кои живеат во неа, го преточив во стих, го преточив во песна… ти благодарам мајко… Оваа песна и спот не се спонзорирани од ниедна политичка партија, нити се дел од било каква политичка кампања. Оваа песна и служи ислучиво на Македонија, на сите нас! Да не крепи кога сме слаби, да не крене штом ќе паднемe!”
-напиша авторот за оваа еппско музичко дело за кое веруваме дека ќе се слуша во секој Македонски дом во наредниот период.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!