БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пополнета агенда до максимум: Увид на реализирани проекти во Штип

Пренеси го гласот

Во услови на криза локалните власти во Штип враќаат долгови на претходните локални власти кои што ги имаат генерирано без ефектите на кризата.

-ова денеска го соопшти Градоначалникот на Штип Иван Јорданов пред присутните медиуми.

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска во поголемиот дел од денот беше на обиколка на повеќе локации каде што се реализирани или се уште се реализираат повеќе проекти за жителите на општината.

Во придружба на градоначалникот Јорданов денеска беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и координаторот на пратеничката група во собранието Никола Мицевски.

“Денес со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.д-р Христијан Мицкоски извршивме увид во тековните градежни активности на повеќе локации во градот.

Во завшна фаза е проширувањето на пешачката со велосипедска патека покрај р. Брегалница, изградба на повеќе спортско – рекреативни игралишта и реконструкција на неколку улици во градот, што се само дел од ветените проекти од предизборната програма во Штип, кои ги реализираме со интензивно темпо.

Локалната самоуправа во текот на изминатата година, активно работи на уредување на секоја населба, затоа што граѓаните на Штип заслужуваат модерен и урбан град!”

-информираше градоначалникот Јорданов во врска со денешната набиена агенда.

Во изјави за медиумите градоначалникот Јорданов и Христијан Мицкоски говореа за карактерот на проектите и нивната важност за граѓаните при што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговараша и на новинарски прашања за актуелни политички теми.

Креирано од:


Пренеси го гласот