БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поранешна учителка се откажала од работата за да создава оптички илузии со помош на шминка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Најчесто шминката се користи за да се нагласат природните црти на лицето, но некои луѓе знаат да ги препознаат сите можности што ги нуди шминкањето. Мими Чои од Ванкувер, Канада е една од нив.

Таа е 31-годишна шминкерка која создава неверојатни хиперреалистични оптички илузии и благодарение на нејзините вештини, Мими има повеќе од 274.000 следбеници на Инстаграм.

Пред да ја открие оваа уметност, Мими 3 години работела како воспитувач во градинка. „Чувствував како креативноста да ми е потисната. Уживав во работата како учителка, но не бев целосно среќна. Ми требаше нов предизвик“, открила Мими.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Откако ја напуштила училницата, таа почнала да експериментира со нејзините четки за шминкање. „Отсекогаш сум имала уметнички дух, a порано имам работено на невестинска шминка. Но, никогаш не сум работела нешто толку лудо како сега“, изјавила таа.

Мими се запишала на локален колеџ за убавина и тоа многу ѝ помогнало да ги усоврши нејзините вештини. Но, нештата навистина тргнале во нагорна линија во периодот кога се наближувал Денот на вештерките. „Сакав да направам нешто поинакво за 31-ви октомври, па почнав да истражувам на Инстаграм и најдов фотографија од жена чие лице изгледаше како да е скршено. Никогаш не сум помислила да направам нешто слично на себе, но решив да ги земам моите црни и бели моливчиња за очи и да се обидам“, објаснила Мими.

Чои успева да ги создаде нејзините извонредни дела благодарение на нејзиното вешто разбирање за перспективата, што ѝ помага да креира тродимензионалност на рамна површина. Таа манипулира со шминката како што уметникот ги користи боите и ги сместува сенките на оние места од нејзиното тело што или ја нагласуваат или ја кријат кожата.

Погледнете ги неверојатните оптички илузии на Мими Чои што целосно ќе ви ја откријат моќта на шминката…

[Best_Wordpress_Gallery id=”25″ gal_title=”Makeup art”]

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace