БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поранешни функционери на СДСМ Штип манипулираат јавно без никаков срам за долгот на ЈП “Исар” Штип

Пренеси го гласот

Во прилог на регионална телевизија поранешниот функционер на СДСМ Штип во обид да ја манипулира јавноста и неосновано да го нападне актуелното раководство во општината, Јавното Претпријатие “Исар” Штип какко и ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека во 2000 година кога ВМРО-ДПМНЕ имало градоначалник во Штип и директор на јавното претпријатие земале кредит со кој го задолжиле ЈП “Исар” Штип.

Во разговор со директорот на ЈП “Исар” ни беше предочено дека ваквата изјава не е точна.

Вистината е дека барањето за земање на кредитот е поднесено во 2000 година но кредитот за кој што е задолжено денеска ЈП “Исар” Штип во износ од 163,8 милиони денари е повлечен во 2002 година со гаранција на тогашниот градоначалник Димитар Ефремов од СДСМ, информира директорот Трајче Здравков.

Парите тогаш биле потрошени а по изминатиот грејс период од 3 години започнале да доспеваат ратите за кредитот но тие не биле сервисирани со потребната динамика од функционерите на СДСМ во Штип.

Така до 2009 година кога на чело на општина Штип застанал Градоначалникот Зоран Алексов од ВМРО-ДПМНЕ доспеаниот неисплатен долг на ЈП “Исар” веќе бил околу 80 милиони денари.

И дополнително иако локалните власти предводени од ВМРО-ДПМНЕ во Штип немале никаква улога во креирањето на овој долг, сепак тие биле луѓето кои најмногу истиот го сервисирале. Но поради огромните камати на основниот долг неговото целосно сервисирање било невозможно поради нивото на приходи кои ги имале претпријатието и општината.

За периодот 2010-2014 година тогашниот директор именуван од страна на градоначалникот Алексов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ целосно си го сервисирал доспеаниот долг за тој период од 67.5 милиони денари а дополнително сервисирал и заостанати доспеани главнини на долгот во износ од 8.3 милиони денари- пари кои што не ги плаќале директорите именувани од градоначалниците од СДСМ Штип. По превземањето на локалната власт од страна на СДСМ Штип повторно заглавило плаќањето на долгот чии што обврски не се сервисирани од именуваните директори за што во 2021 година е постигнат договор врз основа на кој ЈП “Исар” Штип треба да плаќа 3,7 милиони денари месечно за да го отплати долгот.

Од моментот на именувањето на новиот директор Трајче Здравков од страна на градоначалникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ редовно се сервисира долгот за кој што е предвидено конечна исплата до 2026 година.

Ваквите обиди на поранешните локални функционери на СДСМ Штип за манипулации во јавност за префрлање на вината врз актуелното раководство кое и покрај наметнатата криза во државата со целиот капацитет работи за спас на претпријатието, не одат во прилог на надминување на состојбата во ЈП “Исар”, за чија што лоша состојба се најдиректно виновни именуваните директори во времето на владеење на СДСМ која беше поразена минатата година од страна на граѓаните како и нивните недомаќински политики.

Креирано од:


Пренеси го гласот