БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поскапува струјата – Нови цени за електричната енергија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Утре ќе се знае цената која повеќе нема да ја одредува РКЕ туку истата ќе биде пазарно утврдена откако ќе се направат потребните пресметки со други параметри опфатени во процесот на формирање на цената за чинење.

Согласно процедурите кои што постојат има правила за набавка на електрична енергија кои треба да ги применува универзалниот снабдувач а до утре јавноста треба да ја знае и новата цена на струјата.

-Дали цената ќе биде повисока или граѓаните ќе добијат пониски сметки за електрична енергија од август, ќе се знае по отварањето на понудите на тендерот распишан од универзалниот снабдувач со електрична енергија, новоформираната компанија „ЕВН хоум“- рече Бислимовски

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вицепремиерот Кочо Анѓушев не очекува цената да поскапи, а истакнувајќи дека ЕЛЕМ моментално е профитабилна компанија, тој рече дека во последните две години цената на струјата е стабилна.

-Се воведе евтина тарифа за граѓаните која имаше инпакт осум, односно 11 милиони евра во џебовите на граѓаните а факт е дека ЕЛЕМ стана одлична профитабилна компанија која денеска има акумулирана добивка од 49 милиони евра-истакна Анѓушев.

Законот за енергетика изминативе два дена во Охрид беше главна тема на дводневна работилница од која дел покрај претседателот на регулаторна Бислимовски и вицепремиерот Анѓушев беа и Хари Бојд Карпентер, директор за енергетски прашања во Европската Банка за обнова и развој, која ги поддржува енергетските реформи во Македонија и новинари.

Креирано од:


Пренеси го гласот