БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Стрип-магазинот „Деветка“ со нова промоција

Пренеси го гласот

Стрип артистите Игор Јовчевски и Никола Темков се главните „виновници“ за лансирањето на македонскиот стрип-магазин „Деветка“, кое љубителите на стрипот ќе можат да го најдат на киосците двапати во годината, по цена од 90 денари.

 „Стрип квадрат“, работи на промовирање на македонски стрип автори, но во ревијата во секој нареден број ќе има и гости од различни балкански земји“.

„Деветка“ нуди разиграни содржини, рецензии и осврти за стрип дела, интервјуа со стрип артисти и, се разбира, нови стрипови од македонски автори. Меѓу соработниците на редакцијата се и љубителите на стрипот кои се успешни во други професии, на пример, д-р Бошко Караџов, професор по филозофија или Ристе Манасиевски, љубител на филмови и стрипови.

„Деветка“ нуди и мала стрип школа преку која се претставува целата постапка на изработка на стрип, со цел да се запознат и едуцираат младите кои се интересираат за изработка на стрипови. Советите во оваа школа се базираат на петнаесетгодишното активно бавење со стрип на Јовчевски, а го вклучуваат традиционалниот пристап со молив и туш на хартија, како и потребниот прибор за работа, форматите на хартија, скиците, односно сите фази во изработката до финална стрип табла.

Промоцијата на новиот број на стрип-магазинот „Деветка“ ќе се одржи во петок, 28 јуни, во кафе „Ли“ со почеток во 20 часот.

„Покрај голем број на домашни македонски стрип-автори, имаме застапено повеќе гости автори, од Србија, Турција, па и од Јапонија. Тука се и веќе стандардните текстуални рубрики, „Мини стрип курс“, „Стрип рецензија“, и „Интервју“, овој пат со стрип-авторот од Србија, Влада Весовиќ, кој воедно за овој број ја изработи и илустрацијата на насловната страница. Во овој број, како и во првиот, ќе има и галерија со илустрации“, информира Никола Темков од „Стрип квадрат“

Во новиот број ќе може да се видат стриповите на Игор Јовчевски, Диме Иванов – Димано, Никола Темков, Дарко Богданов, Ивица Дукоски, Владодлак, Иван Вељковиќ, Влада Весовиќ, Јашар Фират, Јошимакс и други.

Креирано од:


Пренеси го гласот