• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
Насловна
Македонија

Послание на Митрополитот Агатангел за пандемијата

март 24th, 2020 Македонија коментари 0

†

А Г А Т А Н Г Е Л

ПО МИЛОСТА БОЖЈА

МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ,НА СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, ПО ПОВОД НОВОНАСТАНАТАТА СОСТОЈБА СО ПАНДЕМИЈАТА, ИМ ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА

Возљубени мои духовни чеда, од богомдаруваната ми Повардарска епархија, поради здравствени причини телесно сум отсутен од храмовите, но со срцето и мислите сум постојано со сите вас, и моите секојдневни молитви се за сите вас, Бог да ве укрепи во верата со Неговата благодат.Со голема тага и немир секојдневно слушам за големата неволја која го зафати речиси целиот свет. Секојдневно умираат многумина насекаде, ниту еден народ, ниту една вера, буквално никој не е поштеден од оваа напаст. Ако се вратиме назад во историските читанки, во манастирските летописи, во житијата на светите, ќе видиме дека во секој век имало заразни болести, од кои многумина биле покосувани. По извесно време, самата болест се намалувала или на чудесен начин, по молитвите на светителите и на народот Божји, сосема прекинувале најтешките заразни болести.

Во Македонија сѐ уште нема ниту еден починат, и Го молам Бог да не допушти повеќе страдања и маки врз овој и онака напатен народ. Но во сите информирања и предупредувања, во сите тие заштитни мерки, ме загрижи тоа што во нив се препознава еден многу пострашен вирус од актуелниов, а тоа е вирусот на неверието и маловерието. Првите кои излегоа или предложија да се затворат храмовите, да не се служи Света Литургија, се токму оние лажни верници, кои никогаш не се причестиле со Христос, никогаш не дозволиле да ги допре и преобрази благодатта Божја. Ѓаволот не мирува и не спие, и негова најголема желба и триумф е да ги оддалечи луѓето од Светото Крштение и Светата Причест, и токму во овој период сведоци сме на такви дејства насочени токму против крштевките и против причестувањето во храмовите. Во време на пандемија, кога насекаде се труби само за тоа, а во меѓувреме фабриките со своите стотици вработени работат под полна пареа, некој нам ни се заканува и нѐ заплашува дека токму во храмовите ќе се проширела заразата, и од Светата Причест ќе се разболеле верниците. Што друго да подразбереме, освен тоа, дека ѓаволот ги користи некои луѓе, за да му наштети на верниот народ, да ѝ напакости на Светата Црква?

За време на владеењето на диктаторот Енвер Хоџа во Албанија, се раширила страшна епидемија, од која умреле многу млади и деца. Диктаторот, иако ја гонел Црквата, сепак покажал човечност, и заедно со архиепископот Пајсиј Водица отишол на Литургија каде што сите присутни се причестиле. Дури и диктаторот знаел дека кога медицината е немоќна, тогаш ни останува само Бог и Црквата како единствена надеж и утеха.

Светата Причест, односно Светата Литургија на која се причестувме, се соединуваме со Самиот Бог, со Телото и Крвта Христови, е суштина и смисла и идентитет на Црквата. Ако ја укинеме Светата Литургија, Светата Црква ќе се претвори во музеј, споменик на културата, историска архива, фолклорно друштво – но нема да биде Црква. Нека има и најубави икони и фрески, нека има и златни куполи и крстови, ако нема Литургија и верници кои ќе се причестуваат на таа Литургија – тогаш нема ни Црква. Лебот и Виното што ги примаме на Светата Литургија се Тело и Крв Христови, вистински и свети, а не некакви симболи, и причестувањето е реално соединување со Христа, а не некаков симболичен адет за здравје. Безброј чудеса се забележани во житијата на светите, кога луѓе болни од тешки и неизлечиви и заразни болести биле причестувани, па болестите за кои немало лек, после причестувањето изчезнувале како со рака однесени. Колку лепрозни се причестувале, колку болни од туберкулоза, од разни болести и зарази – и повторно свештениците останувале живи и здрави, а како што гледаме и самите, долговечни и со добро здравје. А кој е изворот на долговечност и крепко здравје? Се разбира, Светата Причест. Светата Причест е лек за бесмртност, а никако и никогаш извор на зарази и болести. И со таква вера треба да живееме и да се причестуваме. Црквата со своето дваесетвековно постоење ни покажува и докажува дека, ниту една болест, ниту една војна, ниту прогони, ниту забрани – ништо не може да ја спречи и уништи, бидејќи таа е Тело Христово, и „вратите на пеколот нема да ја надвладеат“. И за време на најголемите епидемии Црквата со литии, со икони и свети мошти, со молитви и темјан, се борела и изборила со болестите, како што било во Охрид со моштите на свети Климент Охридски во 1910 година. 

Иста така би ги охрабрил немоќните браќа и сестри, кои се плашат да ги целиваат иконите или крстот, или се плашат да примат свештеник за водосвет во нивниот дом – да имаат повеќе вера и доверба. Ако така лесно се ширеа болести од црквите, иконите и крстовите, Светата Православна Црква одамна ќе беше исчезната од лицето на светот, и за неа ќе се спомнуваше само во учебниците по историја. Ве уверувам и ве поттикнувам, да доаѓате без страв и сомнеж во црквите, да ги целивате иконите, крстот, да се причестувате со претходна подготовка и да се подготвувате за дочек на Славното Христово Воскресение. Смртта и страдањето се најголеми непријатели на човекот, секој се стресува од помислата на нив, и затоа има таква хистерија во светот – сите се плашат од смртта и страдањето, а токму Воскресението на Господ е лек и противотров за тој страв. Господ воскресна, ни даде можност за вечен живот, а и ние со вера во Него и во Неговото преславно Воскресение ќе воскреснеме и ќе живееме вечен живот, живот кој нема крај, во заедница со Бога, заедно со Пресвета Богородица, ангелите и светителите, во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух. Со таква вера да живееме, со храброст, со силна вера и доверба во Божјата Промисла, и без страв од смртта. Подобро е дури и да умреме причестени со Христос, отколку да останеме живи, но без Христос. Таквиот живот е веќе духовна смрт, и од таквиот вирус на безбожноста и рамнодушноста Господ да нѐ чува и сочува.

Возљубени мои, во овој период на Великиот пост, кога се подготвуваме за Христовото Воскресение, да ги умножиме молитвите, да го засилиме подвигот, но да се помолиме и за неуморните и пожртвувани лекари, медицински сестри и сиот болнички персонал, кои се жртвуваат за да спасуваат човечки животи. Бог да ги благослови и укрепи во нивната дејност, и со Негова помош успешно да се избориме сите со оваа неволја. Исто така, им упатувам искрена благодарност на институциите на Владата, на политичките партии и на сите значајни личности и институции, кои покажаа голема воздржаност, способност и зрелост при соочувањето со пандемијата. Бог да ги благослови и да им даде сила и просветление, за да донесуваат правилни одлуки.

На крај, ве молам сериозно да ги почитуваме препораките од лекарите, но и да бидеме свесни дека раѓањето, животот и смртта се во Божји раце, и сѐ што допуштил Бог е за наше поправање, за наше спасение. Благословот Божји и омофорот на Пресветата Владичица наша Богородица да бидат постојано врз нашата Света Македонија. Амин!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Штип се откажаа од паушалите во интерес за справување со кризата
Следна објава Драган Ковачки: Не е исто намалување плати на функционери и работници. Без вторите нема држава!
Може да Ве интересира:
Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?
Македонија

Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?

април 19th, 2021 0
Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

април 14th, 2021 0
Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

април 14th, 2021 0
Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!
Македонија

Комити- Скопје: Ослободувањето на Уставобранителите ќе значи национално помирување!

април 13th, 2021 0
Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики
Македонија

Николоски: Македонија со Зоран Заев на власт во никогаш нема да почне преговори со ЕУ поради неспособноста и штетните политики

април 11th, 2021 0
Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија
Македонија

Додека народ "квача јајца" под полициски час по дома, Заев се релаксира по хотели низ Македонија

април 11th, 2021 0
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на 25 април организиран за поддршка на уставобранителите

април 10th, 2021 0
Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија
Македонија

Прва дигитална академија за политиката и дигитализацијата во услови на глобална пандемија

април 10th, 2021 0
Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?
Македонија

Каде завршиле парите наплаќани за издадените пасоши од страна на МВР? Имало ли и други договори со мафијашките структури на организираната криминална група во и околу МВР?

април 7th, 2021 0
Facebook Comments
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

0
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

0
Најнови објави
Апр 19th 3:05 PM
Технологија и Опрема

Програмери наспроти нормални луѓе #01: Корен на врв или корен на дно?

Апр 19th 2:05 PM
Македонска бесмртност

Почина Д-р Александар Стојчев- еден од врвните интелектуалци на полето на одбраната на Македонија

Апр 19th 2:01 PM
Македонија

Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?

Апр 18th 3:15 PM
Регион

Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми

Апр 15th 8:32 PM
Регион

Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

Апр 14th 11:01 AM
Регион

Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

Апр 14th 9:19 AM
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

Апр 14th 9:02 AM
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

Апр 13th 10:07 PM
Глас од истокот

Гоце Марков: Како силувана?!

Апр 13th 9:50 PM
Глас од истокот

Стрезоски: Додека Заев ги полни батериите, Македонија ги полни гробиштата!

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Архива на статии
Наш Instagram дом
Прогноза за цената на лубен Прогноза за цената на лубениците за претстојната сезона?!?
Во едната рака земи грст сол и стави ја во чаша полна со вода. Водата ако ја испиеш ќе биде горчливо-солена.
Во другата рака земи исто толку сол и расфрлај ја во водата на блиското езеро... ако ја вкусиш водата на езерото солта нема воопшто да ја забележиш.
Болката и среќата се секогаш присутни во нашите животи.
Од тебе зависи дали ќе бидеш чаша или езеро.
Гордост е да си Македонец... Гордост е да си Македонец... и обврска и привилегија... и проклетство и радост...
Документарен филм за Божествената природа на Тоше Проески.
Тотална саботажа Тотална саботажа
Денеска целото членство гласа.
ДА🤔
НЕ☠
Светски класик кој ден дене Светски класик кој ден денес делува футуристички
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.