Шокантно тврдење денеска на прес конференција изнесе Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ:
Додека речиси секој во државата се обидува да придонесе за надминување на ситуацијата со корона вирусот, владата е фатена во нов скандал. И покрај тоа што има забрана за патување во странство, во екот на пандемијата со корона вирус, во перидот од 17-20 март оваа година, Шекеринска преку Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошило дополнително речиси 362 илјади денари.
Додека македонските доктори немаат маски, немаат респиратори, министерството со кое раководи Шекеринска тие пари ги троши на патувања и ручеци. Додека Заев ќе крати плати на работници, Шекеринска троши на ручеци и патувања. Кризата на површина ги извади недостатоците на државниот систем. Три години не убедуваа дека блескаме, за само три недели буџетот доживее колапс. Сосема е погрешно неспособноста на владата да се прекрши на грбот на работниците во администрацијата. Мерката на Заев за урамниловка на примањата на функционерите, министрите и раководителите со примањата на работниците во администрацијата е погубна и неефикасна. Урамниловката на платите на функционерите со платите на работниците е сериозен удар за работниците но и за здравото ткиво на економијата кое е непогодено од кризата затоа што во промет ќе има помала потрошувачка а со тоа и помалку пари.
Со мерката кратење на плати во администрацијата Заев практично осудува на глад многу семејства. Затоа што потрошувачката кошница за минатиот март изнесувала 32 852 денари, а со плата од 14.500 денари каква што предлага Заев не може да се подмират ниту основните трошоци, а не пак за плаќање сметки за струја вода и други трошоци, дополнително на ова трошоци за кредит на едно семејство кое што најчесто сите ги имаме. Министрите може да живеат комотно но не е и граѓаните. Заев осудува на пропаст и банкрот на многу семејства, и пропаст и банкрот на целата економија и затоа јавно го повикуваме да се откаже од намерата за урамниловка на платите на функционерите со платите на работниците во администрацијата“.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера