“Поради неажурноста и неспособноста на власта, постојано сме на удар на разни зарази во сточарството во Македонија. Слабиот менаџмент и неспособноста на раководните лица во МЗШВ и АХВ придонесоа до појава на птичји грип во земјата.
Постои огромна опасност вирусот да се прошири, но и можност тој веќе да е проширен на цела територија на државата, со што ќе нанесе сериозен удар врз живинарството како една од сточарските гранки.Повикуваме АХВ наместо да куца бледи соопштенија и да се правда, да спроведе добра, брза и ефикасна епидемиолошка истрага на лице место за утврдување на вратата на инфекција, и брзо носење на рестриктивни мерки од страна на Агенцијата и нивна имплементација на терен, со цел ограничување на ширењето на вирусот, односно заштита на големите живинарски капацитети ширум државата.”
-соопштение на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција