12-ти мај – ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ ТЕХНИЧАРИ И СЕСТРИ, оддаваме почит на сестринството за хуманоста, за посветеноста со која сите здравствени работници се вклучија во борбата со невидливиот непријател, SARS-Cov2 а со тоа се испрати една космополитска порака до целото човештво за враќање на човечките квалитети.
Пораката која денес ја испраќаат здравствените работници е почитување на мерките и препораките на СЗО и подигање на националното ниво на здравствена заштита по теркот на глобалните случувања и глобални цели кои ќе бидат поврзани со едно универзално здравство. Здравјето на пациентот и безбедноста на здравствениот работник на прво место ,како и една нова форма на борба против преносливи и непреносливи болести, подготвеност и одговор при итни случаи и секогаш на нивото на задачите.
Пишува: Гоце Марков
Дипл. здравствен работник и член на комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ