“Приказната за ЗОКИ и ВИРШЛИТЕ, ама вистинската, онаа сурово вистинска, не онаа неговата, комедијантската…
Види вака Зоки, момците на сликата подолу се вработени во ДИЗ, инаку родители на 4 малолетни деца од 1 до 11 години и сопрузи на невработени сопруги. Момците Зоки зимаат по околу 300 евра плата и со тие пари си ги хранат, лекуваат и школуваат своите семејства, а притоа си ги плаќаат и сите обврски кон државата како секој чесен домакин и граѓанин.
Едниот Зоки ми е брат и живее струмичко, а другиот покрај брат ми и маката ми е исто како брат и живее битолско, инаку МАКЕДОНЦИ Зоки, од Република Македонија!
Е сега Зоки, меѓудругото овие момци плаќаат и патни трошоци, трошоци за сместување и се останато токму онака како што ти велиш, како студенти. Плаќаат Зоки затоа што кога дојде животот, а ти насилно и без победа стана премиер и отиде да живееш во вилата во Скопје (каде си сеуште и покрај тоа што не си веќе премиер, а на почеток на мандатот излажа дека нема да ја користиш ни за време на мандатот), нив Зоки тогаш ги однесовте во Скопје далеку од своите семејства за врз нив да си ги лечите комплексите ти, Марјан Даскаловски, Томе Мојсовски и куп такви како Вас преку безмалку 10 директори кои ги сменивте во овие 3 години.
Ај што ги одделивте од семејствата Зоки, ај што малите невини ангелчиња заспиваа недочекувајќи ги доцна во петок, а испраќајќи ги во мугрите понеделнички исто така спиејќи, малку беше тоа па таму ги гњавевте, казнувавте, се изживувавте со нив, ги праќавте те Табановце, те Скопје, на секои неколку месеци им менувавте решенија, и она што го правевте над нив не се вика мобинг Зоки туку безмилосно нечовечно тероризирање. Но, да се вратам на сршта на приказнава и она што Ве спојува Зоки, а тоа се виршлите. Да Зоки, виршлите, оние виршли кои ти и покрај Луј Витон чантите кои шетаа во и околу влада “си ги јадел”, т.е. оние виршли кои за децата на овие момци неретко беа мисловна именка, беа дел од поубавите соништа или пак беа нешто најпосакувано, ама сепак Зоки, беа само виршли.
За крај Зоки само да ти кажам дека издржаа, не само што издржаа, не се скршија, не паднаа на колена ниту во средините каде живеат и се почитувани, ниту пред оние најважните, нивните најмали и нивните најмили, туку се поисправени и погорди од било кога ама сега и среќни Зоки, среќни затоа што после 12-ти април твоето заминува, а нивното доаѓа!!! “
Извор: Фејсбук
Пишува: Кире Михајлов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа