Од утринава започнаа најавените 24 часовна блокада на пристапниот пат кон градската депонија во Кочани.
Неколкумината граѓани кои излегоа на блокадата ги попречуваат транспортните возила за комунален смет кои дотураат ѓубре во градската депонија како од Кочани така и од околните општини Чешиново- Облешеви и Зрновци.
Бараљата на граѓаните кои протестираат се постојната депонија да се порамни со земја и да се соодветно третира со алги за разградување на ѓубрето, да се постави видео надзор на допонијата или 24 часовна стража и истата да се огради и изолира од околниот терен физички.
На лице место излезе и директорката на Комуналното претпријатие „Водовод“ Кочани Кристина Финдачка која што во разговор со граѓаните им ги соопшти сите активности кои што како менаџмент на претпријатието ги превземаат за надминување на неповолната состојба. Во изминатите неколку денови на депонијата се вршат интензивни земјани работи со цел за затрупување и порамнување на горните слоеви на допонијата со цел за превенирање на пожари со тешка градежна механизација. Исто така директорката соопшти дека е поставена 24 часовна чуварска служба од редот на вработените во претпријатието со цел да се превенираат присуството на невластени лица на депонијата кои најчесто го вршат потпалувањето на истата.
Жителите на Кочани кои протестираат бараат средби со градоначалниците од општините Чешиново-Облешево и Зрновци за да им го објаснат проблемот со цел тие да се заложат за конечно решение со градската депонија во Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа