Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски за јавноста соопшти кои се проектите за кои што се добиени финансиски сретства од Владата на Република Македонија што се дел од последниот повик за апликации од страна на општините.
Станува збор за три проекти кои што значително ќе го подобрат стандардот и квалитетот на живот за жителите на три села во Општината Лозово:
Хортикултурно и Партерно уредување на централното подрачје на населено место Дорфулија
Хортикултурно и Партерно уредување на централното подрачје на населено место Сарамзалино
Хортикултурно и Партерно уредување на централното подрачје на населено место Милино
Овие проекти се реализираат како приоритетни за жителите на овие населени места со што ќе се даде еден сосема нов и урбан лик на овие села, преку уредувањето на запуштените јавни површини.
Истовремено од кабинетот на градоначалникот Бошко Цветковски информираат дека покрај засилената реализација на тековните проекти, општината се подготвува и за најавениот повик за апликација од страна на Владата за наредната 2025 година каде што повторно ќе се аплицираат проекти кои што се приоритетни за самите граѓани на општината.
Со ваквата динамика за реализација на проектите општината Лозово претендира да стане една од најуредените општини во регионот во своите населени места со што сите жители ќе се гордеат во иднина.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово