БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Потпишан договорот за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ – источен влез во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Владата, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот од првата транша финансиски средства во вкупен износ од 250 милиони евра наменети за капитални проекти во општините.

Владата одобри 89 милиони денари за Општина Кочани за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до почетокот на разделното зеленило кај СОУ „Гошо Викентиев“, во должина од 1.000 метри. Проектот  за уредување на источниот влез во Кочани вклучува и изградба на потпорни ѕидови. Во финансиската конструкција на овој проект Општина Кочани учествува со 3,5 милиони денари сопствени средства.

Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа Општина Кочани влегува во договорите за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4,1 милијарди денари.На потпишувањето на договорите беше истакнато дека ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи, а јавните повици ќе продолжат сѐ до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace